spot_img

Priznanje „Ljupčo Filipov“

  …Признанието „Љупчо Филипов“
го доби Игор Стевковски -Стевац.

Овогодинешен добитник на Годишното признание за развој и афирмација на стрипот во Македонија е Игор Стевковски Стевац. Ова признание го доделуваСтрип центарот на Македонија (со седиште во Велес) а го носи име на прерано починатиот бард на македонскиот стрип Љупчо Филипов.

Игор Стевковски е роден 1976 г Има дипломирано на факултетот за ликовни уметности, отсек графика. Тој работи карикатури и илустрации, Слика и работи се друго што е поврзано со ликовната уметност. Има работено и за „Детска радост“ и „Остен“.

Но за пошироката публика најважно е што Стевац 14 години е илустратор на стрипот кој излегува во неделникот „ФОКУС“. Овој стрип всушност нема име и е негово алтер его. Во стрипот има дефилирано скоро цела политичка сцена во државата. Во изработката на стрипот се смениле повеќе сценаристи коишто без пардон ги критикувале слабостите на политичарите од власта, претставени на комичен начин.

Според персоналот на Стрип центар на Македонија, со ова повторно се потврдува дека стрипот, како алатка може да има примена во повеќе социјални сфери. Но, исто така дејноста на Игор Стевковски-Стевац е уште еден показател дека Македонија изобилува со стрип уметници, помалку или повеќе познати, нивниот опус треба да се афирмира.

Досегашни добитници на признанието „ЉУПЧО ФИЛИПОВ“ се: Миле Топуз-стрип автор, Диме Иванов Димано-стрип автор, Александар Сотировски –стрип автор, Ване Трајков -промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“ – тогаш млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли-стрип хроничар и сценарист, Дарко Марковиќ, Иванка Апостолова-автор и промотер, Киро Донев-директор на МЛАД БОРЕЦ, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски-стрип сценарист и промотер, Стрип книжарницата „Бункер“, „ОСТЕН“- Галерија и списание, Томе Трајков-промотер и Александар Стеванов-сценарист и хроничар.


Priznanje „LJupčo Filipov“ dobio je Igor Stevkovski – Stevac

Ovogodišnji dobitnik godišnje nagrade za razvoj i promociju stripa u Makedoniji je Igor Stevkovski Stevac. Ovo priznanje dodeljuje Strip centar Makedonije (sa ofisom Velesu) i nosi ime prerano preminulog barda makedonskog stripa Ljupčo Filipova.

Igor Stevkovski je rođen 1976. Diplomirao je na Fakultetu likovnih umetnosti, smer grafika. On radi karikature i ilustracije, slika i druge stvari koje se odnose na umetnost. On je radio i za redakciju „Dečja radost“ i „Osten“.

Ali za širu javnost je veoma važno podsetiti da je Stevac 14 godina ilustrator stripa koji se objavlјuje u nedelјniku „Fokus“. Ovaj strip zapravo nema ime i on je autorov alter ego. Kroz ovaj strip je marširala skoro cela politička scena u Makedoniju. U izrada stripa se promenilo više scenarista koji kritikuju neoprostive slabosti političara na vlasti, sve to predstavlјeno na komičan način.

Prema personalu Strip centra Makedonije, sa ovim se, po ko zna koji put, dokazuje da strip kao sredstvo ima primenu u višim  socijalnim područjima. Ali, isto tako, aktivnost Igora Stevkovskog – Stevca je još jedan pokazatelј da je Makedonija bogata sa crtačima stripova koji su manje ili više poznatiji, njihov opus treba uporno afirmisati.

Prethodni dobitnici nagrade „Ljupčo Filipov“ su: Mile Topuz- strip autor, Dime Ivanov Dimano- strip autor, Aleksandar Sotirovski -Strip autor, Vane Trajkov -promoter, bivši grupa „Tajfa art“ tadašnji mladi autori i kasnije osnivači novih strip udruženja, Tomislav Osmanli-strip hroničar i scenarista, legendarni Darko Marković, Ivanka Apostolova-autor i promoter ,Kiro Donev, – direktor časopisa „Mlad borec, redakcija „Dečja Radost“ Skopke, Oliver Romevski strip scenarista i promoter ,strip knjižarnica „Bunker“, „OSTEN „- Galerija i časopis, Tome Trajkov – promoter i Aleksandar Stevanov-scenarista, hroničar i promoter.

Izvor: SCM Veles

Zoran Todorović
Zoran Todorović
Osnivač „Pokazivača“. Tvorac novakovanja. Čovek koji od života želi sve ili ništa, a trenutno živi negde između.